Поранешниот претседател на Полска смета дека на Путин треба да му се суди во Хаг

Лех Валенса, поранешен претседател на Полска и добитник на Нобеловата награда за мир, во интервју за весникот Rzeczpospolita изјави дека за акциите на Владимир Путин на Крим треба да суди Хашкиот трибунал или друг меѓународен суд.

Лех Валенса, поранешен претседател на Полска и добитник на Нобеловата награда за мир, во интервју за весникот Rzeczpospolita изјави дека за акциите на Владимир Путин на Крим треба да суди Хашкиот трибунал или друг меѓународен суд.

„Чекам кога светот машки ќе му одговори на Путин. Засега сите се занимаваат со некоја комбинаторика“, нагласи Валенса, одговарајќи на прашањето дали светот ќе ја прифати анексијата на Крим.

Според неговите зборови, светот не треба да ја прифати поделбата на Украина. Напротив, светот треба да се соедини во една сила „која ќе го натера Путин да избере однесување достојно за 21 век“.

„Не може повеќе да се кршат нормите и договорите, не може да се загрозуваат народите. Треба да се направи нешто со што секому ќе му биде јасно дека за слична постапка ќе биде суден. Потребно е да се организира светска комисија и да се започне со судски процес против Русија“, уверен е поранешниот претседател на Полска.

Валенса, исто така, истакна дека светската заедница не треба да дозволи појава на „нови железни завеси“. Истовремено, тој предложи да се засилат санкциите против Русија, т.е. доколку е можно, „да се исклучи Русија од економските системи“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња