„Гаспром“ вети дека ќе ги исполни сите обврски кон Германија

Заменикот претседател на „Гаспром“, Александар Медведев, во интервју за весникот Handelblatt ја увери германската страна дека ќе бидат исполнети до крај сите договори склучени за рускиот гас.

Заменикот претседател на „Гаспром“, Александар Медведев, во интервју за весникот Handelblatt ја увери германската страна дека ќе бидат исполнети до крај сите договори склучени за рускиот гас.

„Ние ќе ги исполните сите обврски“, укажа Медведев. Според неговите зборови, обемот на испораки кои се укажани во долгорочните договори ќе биде целосно почитуван. „Нема смисла да се откажуваме од приходите кои доаѓаат од продажбата на гас“, додаде Медведев.

Заменикот претседател на концернот додаде дека „гасот не е оружје, туку стока“, и дека испорачувачот е заинтересиран да го продаде тој енергенс.

Германија може да покрие само 10% од своите потреби за гас. Останатите 90% од потребите државата ги задоволува со увоз, пред сѐ од Русија и Норвешка. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња