Демонстрантите во Донецк ја зазедоа зградата на локалната администрација

Активисти ги скршија прозорците на зградата на администрацијата на Донецката област и влегле внатре, соопштуваат руските медиуми.

Активисти ги скршија прозорците на зградата на администрацијата на Донецката област и влегле внатре, соопштуваат руските медиуми.

Според некои информации, реакцијата на активистите била испровоцирана од банерот „Русијо, губи се!“, кој бил поставен на зградата на администрацијата. Неколку десетина демонстранти се качиле на покривот на зградата и го поставиле руското знаме.

Денес на митингот во Донецк се собраа 15.000 активисти за уште еднаш да го изразат своето незадоволство од сегашните киевски власти. Граѓаните бараат југоистокот на земјата да се признае како независна област.

Собраните се изјасниле против претстојните претседателски изборив о Украина и најавиле потпишување на договор со своите истомисленици од Харковската област. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња