Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека Русија може да се прехрани со нормални производи, па затоа нема потреба да развива ГМО производство, пренесува „Интерфакс“.
„Ние немаме цел да развиваме производство на генетски модифицирани продукти или да ги увезуваме таквите производи во нашата држава. Ние сме способни да се прехраниме со нормални, обични, генетски немодифицирани производи. Ако Американците сакаат да се хранат со такви продукти, нека се хранат, нам тоа не ни треба, имаме доволно територија и можности за да произведуваме и консумираме нормална грана“, изјави Медведев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче