Парламентарното собрание на НАТО ја прекина соработката со Русија

Парламентарното собрание на НАТО за време на заседанието во Рига донесе одлука да се прекине соработката со парламентот на Русија, соопшти претседателот на Парламентарното собрание, Хју Бејли.

Парламентарното собрание на НАТО за време на заседанието во Рига донесе одлука да се прекине соработката со парламентот на Русија, соопшти претседателот на Парламентарното собрание, Хју Бејли.

Одлуката за прекин на дијалогот со парламентот на Русија е донесена поради случувањата во Украина и позицијата на Државната Дума на Русија по тоа прашање.

„Учеството на претставникот на Русија во работата на Парламентарното собрание на НАТО е забрането сѐ додека не се промени ситуацијата во Украина. Целокупната формална соработка е прекината“, изјави за новинарите шефот на летонската делегација во Парламентарното собрание, Ојарс Калнинс. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња