Првата руска комерцијална банка која ја започна работата на Крим е московската „Генбанка“. Оваа кредитна организација отвори експозитура во Симферопол и Севастопољ, пренесува агенцијата РИА „Новости“.
Банката на локалното население ќе му пружи низа финансиски услуги, вклучувајќи ги сите видови штедни влогови и хипотеки. „Генбанката“, исто така, ќе пружи услуги за бесплатно одржување на картичките на ветераните од Втората светска војна, носителите на звања „херој на трудот“ и припадниците на расформираните единици на украинската специјална полиција „Беркут“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче