Западни медиуми: Русија гледа на Исток во потрага по нови трговски интереси

Русија гледа на Исток и бара нов баланс во трговските интереси, пишува The Financial Times. Руската економија настрада од геполитичката криза, предизвикана со приклучувањето на Крим во составот на Русија, а сега Москва се врти за помош накај Азија, се кажува во статијата.

Минатата година обемот на трговија меѓу Русија и Кина, Јапонија и Јужна Кореја изнесуваше 150 милијарди долари. Тоа е три пати помалку отколку со Европа. Според милењето на руските експерти, кавгите на Москва со Западот ќе станат катализатор за промена на оваа состојба.

Прв тест за Русија ќе биде договорот за испорака на нафта и гас од „Гаспром“ во Кин. Како што изјавуваат изворите, договорот ќе биде потпишан за време на посетата на Владимир Путин во Пекинг во мај.

Аналитичарите, исто така, тврдат дека Москва ја зема предвид и Јапонија како извор на технологии, а Јужна Кореја - како извор на инвестиции. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња