Санкциите нема да бидат фатални за банкарскиот систем на Русија

Банката на Русија процени дека последиците од можните санкции на Западот нема да бидат фатални за банкарскиот систем на Русија. „Ќе преживее“, изјави првиот заменик на претседателот на Централната Банка, Алексеј Симановски.

Соединетите Американски Држави и Европската унија воведоа санкции против Русија поради рускиот став за Крим. Тие составија и список на лица на кои им е забрането да патуваат во тие држави, а воедно, блокирани им се нивните сметки (доколку постојат). Од правните лица, под санкции се најде само банката „Русија“ и нејзините филијали. Воедно, Г-7 се заканува со санкции против Русија во делот на лесното стопанство во случај да ескалира ситуацијата околу Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња