Русија на 25-то место од триесет најдобри држави за живот на младите

Русија се најде на 25-то место во списокот од триесет најдобри држави за живот на младината, пишува австралиското издание The Age.

Русија се најде на 25-то место во списокот од триесет најдобри држави за живот на младината, пишува австралиското издание The Age, повикувајќи се на рејтингот Global Youth Wellbeing Index, составен од две американски организации: Центарот за стратешки и меѓународни истражувања и Меѓународниот младински фонд.

Експертите го истражувале квалитетот на животот на граѓаните во возраст од 12 до 24 години, земајќи предвид различни фактори.

На првото место на списокот се најде Австралија, на второто Шведска, а на третото Јужна Кореја.

Јужноафриканската република се најде на 23-то место, Русија на 25-то место. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.