Претседателот на Државната Дума, Сергеј Наришкин, изјави дека Москва жали поради приклучувањето на Црна Гора кон санкциите против Русија и смета дека руско-црногорските односи не треба да бидат под влијание на трети страни.
„Во Русија со жалење е дочекана одлуката на Црна Гора да се приклучи кон санкциите на ЕУ против Русија“, изјави Наришкин за време на средбата со Ранко Кривокапиќ, претседател на собранието на Црна Гора и претседател на парламентарното собрание на ОЕБС, пренесува РИА „Новости“.
„Сметаме дека продлабочувањето на нашите билатерални односи, односите меѓу Русија и Црна Гора, не треба да бидат заложник на големите геополитички интереси и позиционирања на трети учесници, особено на оние од другата страна на океанот“, изјави Наришкин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.