Француската компанија Arianespace потпиша со „Роскосмос“ договор за испорака на седум руски ракети-носачи „Сојуз-СТ“ за лансирање од аеродромот Куру во Француска Гвајана од 2016 до 2019 година, се кажува во соопштението на официјалната интернет-страница на компанијата.
„Денес се одржа седмото успешно лансирање на 'Сојуз' од космодромот во Куку. Оваа ракета претставува ненадминат квалитет и доказ дека можеме да се потпреме на нашите клиенти“, изјави претседателот на Arianespace, Стефан Израел, настапувајќи на церемонијата после лансирањето.
Ракетата „Сојуз-СТ“ беше лансирана од европскиот космодром Куру (Јужна Америка, Француска Гвајана) во 1:02 часот по московско време.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче