Западни медиуми: Русија на Крим покажа „нова“ армија

Русија на Крим демонстрираше „нова“ армија, пишува The New York Times.

Русија на Крим демонстрираше „нова“ армија, пишува The New York Times. Според мислењето на весникот, војниците кои ги чуваа влезовите на украинските бази јужно од Симферопол имале малку сличности со своите претходници кои учествуваа во минатите воени акции на Русија, вклучувајќи ја и акцијата во Грузија во 2008 година.

Изданието го акцентира надворешниот изглед на војниците и нивната униформа. Како што смета весникот, руската армија се наоѓа во фаза на модернизирање. „Во претходните воени акции Русија често покажуваше армија која имаше ниско ниво на дисциплина и снабденост, армија, најчесто составена од лица кои се наоѓаат на редовна служба“, се кажува во статијата на весникот.

Резултатите од обидите на Кремљ да ја модернизираат армијата веќе се забележливи на Крим, смета весникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.