САД ги прекинаа консултациите со Русија за противракетната одбрана

Вашингтон ги прекина консултациите со Русија во областа на противракетната одбрана поради ситуацијата околу Украина, изјави неодамна заменикот помошник на шефот за одбрана на САД, Елен Бан, која е задолжена за следење на прашањата околу ПРО.

„Вплеткувањето на Русија во кризата во Украина и кршењето на меѓународното право доведе до прекин во нашиот дијалог во воената област, и ние нема да ги продолжиме со консултациите со Русија во областа на ПРО“, изјави таа пред Сенатскиот комитет за прашања поврзани со вооружените сили, а пренесува ИТАР-ТАСС.

Заменикот помошник на министерот за одбрана, исто така, изјави дека ширењето на ПРО на националната територија на САД, како и поставување на регионални системи на ПРО во Европа, азиско-тихоокеанскиот регион и на Блискиот исток напредува според плановите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња