На Алијансата ѝ е пратено барање за објаснување на плановите кои се однесуваат на интензивирањето на военото присуство на територијата на источноевропските држави, и Москва очекува одговор основан на почитувањето на правилата договорени со Русија. Ова го изјави за новинарите шефот на Министерството за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
„Што се однесува до плановите за интензивирање на военото присуство на државите на НАТО на територијата на источноевропските земји, членки на НАТО, ние, секако, тргнуваме од тоа дека во односите меѓу Русија и НАТО, исто така, важни се одредени правила, вклучувајќи ја Римската декларација и темелниот документ од Советот Русија - НАТО, во склад со кој не е дозволено постојано воено присуство на територијата на источноевропските држави“, изјави Лавров.
Претходно земјите на НАТО одлучија итно да создадат мерки за можно зголемување на воениот контингент. Во плане интензивирање на присуството на единиците на НАТО во Источна Европа во Полска, Естонија, Летонија, Литванија и Романија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче