„Мекдоналдс“ ја прекина работата на Крим

„Мекдоналдс“ од 3-ти април привремено ја прекина работата на Крим. Ова се пренесува на официјалната интернет-страница на компанијата.

„Мекдоналдс“ од 3-ти април привремено ја прекина работата на Крим. Ова се пренесува на официјалната интернет-страница на компанијата.

„Поради тековни проблеми, независни од компанијата 'Мекдоналдс', работата на рестораните кои се наоѓаат во Симферопол, Севастопол и Јалта е привремено прекината. Се надеваме дека ќе можеме да продолжиме со работа веднаш штом ќе се појави можност за тоа“, се кажува во соопштението на компанијата.

Притоа, во „Мекдоналдс“ забележаа дека компанијата им дала можност на вработените да го променат работното место во било кој ресторан во Украина, зачувувајќи ја својата позиција и плата, како и со обезбедено сместување во рок од три месеца за сметка на компанијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија