Изјавите за вмешаноста на руските специјални служби во случувањата на Мајдан остануваат на совеста на оние кои ги даваат, изјавија во центарот за односи со јавноста во Федералната служба за безбедност на Русија, пренесува „Газета.ру“.
Претходно шефот на Службата за безбедност на Украина, Валентин Наливајченко, на конференцијата за печатот во Киев тврдеше дека „антитерористичката операција имала за цел масовни убиства на демонстрантите“, и дека Виктор Јанукович дал одобрување за тоа.
Наливајченко, исто така, изјави дека во смирувањето на протестите во Киев, наводно учествувале и руските специјални и воени одреди.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче