Граѓаните на Русија помалку веруваат на хороскопите и советите на астролозите. За ова сведочат податоците од анкетата од фондот „Општествено мислење“ (ФОМ), а пренесува „Газета.ру“.
Според анкетата, 71% од Русите не ги интересира астрологијата, а 27% се интересираат за неа. Според ФОМ, 24% од Русите активно ги следеле астролошките прогнози. Сепак, годинава за 17% е намален бројот на лица кои тоа го прават секојдневно.
Според социолозите, 42% од Русите сметаат дека знаејќи го хороскопскиот знак за некој човек може да се создаде претстава за некои негови карактерни црти. Речиси исто толку лица сметаат дека хороскопскиот знак ништо не кажува за човекот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче