Договорот за Евроазиската унија може да биде потпишан во мај 2014 година во Астана. Како што пренесува РИА „Новости“, ова го изјави министерот за надворешни работи на Казахстан, Ерлан Идрисов.
„Ние се подготвуваме за потпишување на договорот за Евроазиската унија. Во Минск се очекува до крајот на месецов да се одржи средба, а после до крајот на мај да се одржи самите на 'тројката' во Астана, каде имаме намера да ја завршиме формалната работа над документот“, изјави Идрисов на преговорите во Москва со шефот на министерството за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
Евроазиската економска унија меѓу Русија, Казахстан и Белорусија планирано е да биде создадена во 2015 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче