Алексеј Милер: гасот за Украина ќе чини 485 долари за 1.000 кубни метри

Гасот за Украина од април ќе чини 485 долари за 1.000 кубни метри. Ова го изјави шефот на „Гаспром“, Алексеј Милер, а неговите зборови ги пренесува „Газета.ру“.

Гасот за Украина од април ќе чини 485 долари за 1.000 кубни метри. Ова го изјави шефот на „Гаспром“, Алексеј Милер, а неговите зборови ги пренесува „Газета.ру“.

На 2-ри април претседателот Владимир Путин го потпиша законот „За прекин на важноста на договорите кои се однесуваат на престојот на Црноморската флота на РФ на територијата на Украина. Според тоа, се предвидува и укинување на попустот од 100 долари за гас по 1.000 метри кубни. Законот стапува на сила на 3-ти април.

Претходно Милер се сретна со шефот на „Нефтогас“ на Украина, Андреј Коболев.

„Клучно прашање на средбата беше неопходноста од донесување на мерки за исплаќање на долгот на 'Нефтогас' кон 'Гаспром'“, се кажува во соопштението на руската компанија. „Гаспром“ оцени дека Украина ѝ должи на Русија за гас 2,2 милијарди долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња