Западни медиуми: 20 години после „студената војна“ НАТО повторно ја заштитува Европа од Русија

20 години после „студената војна“ НАТО се враќа на својата клучна мисија – заштита на Европа од Русија, пишува The Guardian. Вака весникот ја коментира средбата на шефовите на министерствата за надворешни работи на државите-членки на НАТО.

Претходно беше соопштено дека државите-членки на Алијансата се заинтересирани за засилување на одбранбените способности на своите сојузници кои граничар со Русија.

Меѓу дипломатите на НАТО постои мислење дека благодарејќи на стратегијата на Кремљ, аргументите во полза на постоењето на НАТО се засилиле, и покрај повиците да се распушти НАТО како остаток од „студената војна“, се кажува во статијата.

Од своја страна, пак, The Daily Mail пишува дека последните дејства на НАТО ја засилиле конфронтацијата со претседателот на Русија, Владимир Путин. The New York Times смета дека предвидените чекори од НАТО кон Русија се доста умерени. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња