Фјодор Карповец, шеф на управата за организација на пасошката работа во Федералната служба за миграција на Русија, изјави дека само шест жители на Крим посакале да останат граѓани на Украина. Ова го пренесува РИА „Новости“.
„Во моментов само шестмина дадоа документи за задржување на државјанството на Украина“, изјави Карповец.
Карповец забележа дека украинското државјанство може да го задржи секој жител на полуостровот, а за тоа е потребно само да достави во ФМС изјава дека сака да го направи тоа.
Според резултатите на референдумот, одржан на 16 март на Крим, за приклучување на полуостровот кон Русија како субјект на Руската Федерација гласале 96,77% од населението.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче