Путин го потпиша законот за поништување на договорот за Црноморската флота

Путин го потпиша законот за поништување на четири руско-украински договори кои се однесуваат на Црноморската флота и нејзиниот престој на територијата на Украина, пренесува прес-службата на Кремљ. Претходно за поништување на договорите едногласно се изјаснија двата дома на рускиот парламент.

Со закон се поништуваат три киевски договори за закуп на кримските воени бази од 28 мај 1997, како и договорот за прашањето за разместување на Црноморската флота на Русија на територијата на Украина, потпишан во Харков на 21 април 2010 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.