Одливот на капитал од Русија годинава над 20 милијарди долари

Одливот на капитал од Русија годинава значително ќе ја надмине официјалната прогноза од 20 милијарди долари, соопштува РИА „Новости“, повикувајќи се на изјавата на шефот на Централната банка на Русија, Елвира Набиулина.

„Оценките за одлив на капитал во првиот квартал ќе се појават наскоро, но уште сега е јасно дека тие суштествено ќе ја надминат првичната прогноза за оваа година од 20 милијарди долари“, изјави таа.

Претходно министерот за економски развој, Алексеј Уљукаев, изјави дека можниот излив на капитал од Русија во првиот квартал годинава може да достигне 60 милијарди долари. Притоа, Министерството за економски развој оваа година очекува раст на рускиот БДП од 1,8% во случај да се остварат прогнозите за одливот на странски капитал од Русија. Ако овој показател надмине 100 милијарди долари, растот на економијата нема да надмине 0,6%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња