Ако Украина се обрати во Меѓународниот суд во Хаг заради делувањето на Русија на Крим, тогаш таа тужба нема да има перспектива, изјави заменикот министер за надворешни работи на Русија, Василиј Небезнја.
„Мислам дека таквата тужба нема никаква перспектива, но тешко е тоа да го коментирам, бидејќи не знам што подготвуваат“, изјави тој, а пренесува РИА „Новости“.
Претходно вршителот на должноста министер за надворешни работи на Украина, Андреј Дешчица, во Брисел изјави дека Украина се подготвува да ја тужи Русија пред Меѓународниот суд на ООН во Хаг поради нејзиното делување на Крим.
„Сметаме дека Крим е дел од Украина и планираме да ја тужиме Русија пред Меѓународниот суд поради нејзините акции на Крим. Сметаме дека со меѓународна поддршка можеме да го вратиме Крим на Украина“, изјави Дешчица.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче