Зимата неочекувано се врати во централна Русија

Зимата неочекувано се врати во централна Русија. Улиците на многу градови се затрупани со снег.

Зимата неочекувано се врати во централна Русија. Улиците на многу градови се затрупани со снег. Пејзажите повеќе потсетуваат на декемвриските. Техничките служби на аеродромите работат со зголемена активност, се чистат пистите, се прскаат авионите со течност против замрзнување.

Москва е покриена со снег. На улиците се создаваат повеќекилометарски гужви. Нагло е зголемен бројот на сообраќајни несреќи. Во борбата со стихијата се вклучени повеќе од 10.000 единици техника. Според прогнозите на метеоролозите, подобрување на временските услови ќе следи викендов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња