Русија ја зголеми цената за гасот за Украина до 385,5 долари за илјада метри кубни

Цената на рускиот гас за Украина од 1 април изнесува 385,5 долари за 1.000 кубни метри гас, изјави шефот на „Гаспром“, Алексеј Милер, а пренесува ИТАР-ТАСС.

Цената на рускиот гас за Украина од 1 април изнесува 385,5 долари за 1.000 кубни метри гас, изјави шефот на „Гаспром“, Алексеј Милер, а пренесува ИТАР-ТАСС.

„Декемврискиот“ попуст за гасот повеќе не се применува поради неисполнување на обврските за исплаќање на долгот за веќе испорачаниот гас во 2013 година. Сумата на долгот во моментов изнесува 1,711 милијарди долари, појасни Милер.

Тој, исто така, додаде дека од вториот квартал за 10% се зголемува и ставката за транзит на рускиот гас низ територијата на Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.