Пушков: Руската делегација ќе го напушти заседавањето во Парламентарното собрание на СЕ доколку се донесе резолуција против РФ

Русија ќе го напушти Парламентарното собрание на Советот на Европа доколку прашањето за одземање на овластувањата на руската делегација во Парламентарното собрание на Советот за Европа се стави на гласање, изјави шефот на Комитетот во Државната дума за меѓународни прашања, Алексеј Пушков.

„Разгледуваме и такво сценарио. Раководството на Парламентарното собрание на СЕ е запознато со тоа, така што топката е на нивен терен“, ги пренесува неговите зборови ИТАР-ТАСС.

Претседателката на Советот на Федерацијата, Валентина Матвиенко, изјави дека руската делегација би можела да го напушти заседавањето на Парламентарното собрание на СЕ во април доколку се усвои антируска резолуција.

Таа истакна дека се знае дека се подготвува антируска „нарачана хистерија“. „Но ние се надеваме на здравиот разум на нашите колеги во Парламентарното собрание на СЕ и се надеваме дека нема да биде допуштено усвојување на некакви остри резолуции со кои би се ограничиле правата на руската делегација“, додаде претседателката на Советот на Федерацијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња