МНР на Русија: Украина ѝ должи на Русија 10-11 милијарди долари

Долгот на Киев кон Москва после раскинувањето на договорот за Црноморската флота порасна на 10-11 милијарди долари, изјави државниот секретар и заменик на министерот на МНР на Русија, Григориј Карасин.

„Од 1997 до 18 март, Русија секоја година отпишуваше од вкупниот долг на Украина по 97,95 милиони долари. Оваа сума требаше да биде целосно отпишана до 2017 година, но со потпишувањето на Харковскиот договор, рокот беше продолжен до 2042 година. Така беше сѐ додека не се случија последните промени“, објасни дипломатот, а пренесува ИТАР-ТАСС.

Карасин истакна дека според одредбите од договорот од Харков, Русија при одредувањето на цената на гасот треба да пресмета и попуст од 100 долари за 1.000 кубни метри гас. „Ние веднаш започнавме со пресметувањето на попустот. Вкупниот долг на Украина, ако се земе предвид и тоа, може да изнесува 10-11 милијарди долари“, наведе заменикот министер. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња