Ени: Италија може и без рускиот гас

Италија може да обезбеди доволно гас за своите потреби за зимата 2014/2015 без никакви испораки од Русија, изјави Паоло Скарони, шеф на компанијата Ени, а пренесува „Гласот на Русија“.

Италија може да обезбеди доволно гас за своите потреби за зимата 2014/2015 без никакви испораки од Русија, изјави Паоло Скарони, шеф на компанијата Ени, а пренесува „Гласот на Русија“.

„Загрижени сме за следната зима, но сме сигурни дека ќе се избориме, дури и доколку дојде до прекин на испораките на гас од Украина“, изјави Скарони.

Италија увезува 90% од потребниот гас, а повеќе од половината од таа количина доаѓа од Русија. Италија во 2013 година од Русија купи 25,33 милијарди кубни метри гас, што е голем скок во однос на 15,08 милијарди кубни метри во 2012 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња