Во Русија се создава Министерство за Крим

Во Русија се создава Министерство за Крим. Како што пренесува РИА „Новости“, ова го изјави премиерот на Русија, Дмитриј Медведев за време на заседанието на влдата на Русија во Симферопол.

Во Русија се создава Министерство за Крим. Како што пренесува РИА „Новости“, ова го изјави премиерот на Русија, Дмитриј Медведев за време на заседанието на влдата на Русија во Симферопол.

„Решавањето на задачата за развој на Крим бара голема концентрација на напори од различни министерства и институции. Поради тоа, сметам дека е правилно да се создаде специјален федерален орган на извршната власт за решавање на задачите во Крим и Севастопол, нешто слично на она што го имаме и за Далечниот Исток“, изјави премиерот на Русија.

Според зборовите на Медведев, на чело на новото министерство ќе застане Олег Савелев, кој од 2008 година е заменик министер во Министерството за економски развој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња