Русија ќе создаде свој платежен систем за 6 месеци

На Русија ќе ѝ требаат од два до шест месеца за да се активира национален платежен систем, изјави шефот на Сбербанк, Герман Греф, чии зборови ги пренесува ИТАР-ТАСС. Компанијата ќе ги опслужува сите банкарски трансакции на територијата на државата.

Минатата недела, за време на средбата со членовите на Советот на Федерацијата, претседателот постави задача да се создаде во Русија национален платежен систем. Оваа изјава на Путин прозвучи после неколку дена од воведување на санкции против руските бизнисмени од страна на САД, како и ограничувањето на трансакциите со Visa и MasterCard од неколку руски банки. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња