Русија ќе ги исполни своите обврски од договорот со САД за испорака на 30 хеликоптери Ми-17 за армијата на Авганистан и покрај противењето на Вашингтон и заканата за прекин на воената соработка со Москва, како и можните санкции кон Русија. Ова го пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка, Александар Фомин.
„Русија секогаш правела, прави и ќе прави сѐ од својата страна за да се исполнат преземените обврски по било кои договори. Нам, секако, ни пречат во тоа, но ние нема да го прекинеме процесот“, изјави Фомин.
Освен тоа, Фомин додаде дека Русија наскоро ќе испорача на Бразил уште три хеликоптери од одговорот за испорака, склучен во 2008 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче