Лавров и Кери се сложија дека треба да се бараат допирни точки во регулирањето на украинската криза

Русија и САД се договорија да бараат допирни точки во регулирањето на кризата во Украина, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, после разговорот со државниот секретар на САД, Џон Кери.

„Интензивно разговаравме, пред сѐ за кризата во Украина“, изјави Лавров. „Ги изнесовме нашите гледишта за причините за ризата, но се сложивме дека треба да се бараат допирни точки во регулирањето на ситуацијата во Украина“, пренесува ИТАР-ТАСС.

Лавров, исто така, изјави дека ниту Русија, ниту САД не можат да ѝ наметнат на Украина било какви планови. „Ја разгледавме реформата за која се залагаме и ние и Американците“, изјави тој. Убедени сме дека федерализацијата е многу важен дел од реформите, а најважно е да се обезбеди единство на Украина со почитување на интересите на сите региони на земјата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.