Државниот концерт „Укроборонпром“ ги замрзна испораките на оружје и воена техника во Русија. Ова го напиша Јуриј Терешченко, в.д. генерален директор на концернот за весникот „Огледало на неделата. Украина“.
„Уште денес, поради разбирливи причини, на Русија не ѝ испорачуваме оружје и воена техника. До моментот кога ќе деескалира конфликтот, нашите односи ќе бидат замрзнати“, пишува Терешченко, воедно признавајќи дека поради таа одлука претпријатието ќе биде во финансиска загуба.
Државниот концерн „Укроборонпром“ опфаќа 134 воено-индустриски претпријатија во Украина, од кои 13 се наоѓаат на територијата на Крим. Како што беше претходно соопштено, трговијата со другите земји во моментов се најпрофитабилни за концернот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче