Комитетот во руската Државна Дума за ЗНД, евроазиска интеграција и врски со сонародниците, препорача откажување на договорите со Украина поврзани со Црноморската флота, изјави вчера претседателот на комитетот, Леонид Слуцки.
Според неговите зборови, одлуката ја донеле сите членови на комитетот едногласно. „Ќе поднесеме нацрт закон во Советот во понеделник и ќе бараме долниот дом да го разгледа истиот ден“, изјави Слуцки.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, на 28 март достави во Државната Дума нацрт на Законот за прекин на важноста на договорот кој се однесува на дислоцирање на руската Црноморска флота на територијата на Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче