Русија се откажа од користењето на единствената украинска подморница

Главниот штаб на Воената морнарица на Русија соопшти дека подморницата „Запорожје“, која се наоѓаше во составот на Воената морнарица на Украина, е неисправна и дека Црноморската флота нема да ја користи.

„На членовите од екипажот на 'Запорожје' им понудивме да останат да служат во составот на Црноморската флота, која наскоро ќе добие шест нови подморници“ изјави извор од Руската воена морнарица.

Подморницата „Запорожје“ е стара 44 години. Според своите борбени карактеристики таа одамна е застарена и практично десетина години нема излегувано на море, пренесува „Интерфакс“. Подморницата од проектот 641 одамна не се користи во составот на подморничките сили на Руската воена морнарица.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.