Лавров: Киев мора да го направи првиот чекор во решавањето на кризата во Украина

Русија е подготвена за најширока можна соработка во врска со решавањето на кризата во Украина, но Киев мора да го направи првиот чекор, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Русија е подготвена за најширока можна соработка во врска со решавањето на кризата во Украина, но Киев мора да го направи првиот чекор, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

„Првиот чекор мора да го направи актуелната украинска власт, да пружат рака на целиот украински народ, на сите региони, да ги повикаат на рамноправен и отворен дијалог за иднината на својата земја“, изјави Лавров во интервју за Првиот канал на руската телевизија.

Министерот изјави дека продолжува дискусијата за можноста за создавање контакт група за Украина, во која Москва и Киев би преговарале под надзор на Западот. Тој начин е најприфатлив, изјави Лавров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња