Будимпешта ги убедува своите партнери од ЕУ да се откажат од воведување на трет блок економски санкции против Русија поради случувањата во Украина. Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјави дека тоа не е во интерес ниту на Европската унија, ниту на самата Унгарија.
Унгарија, воедно, зависи од испораките на руски природен гас, од кој задоволува 80% од своите потреби. Освен тоа, Москва е најважниот трговски партнер на Будимпешта вон ЕУ. Вкупниот обем на трговија меѓу Русија и Унгарија во 2014 година изнесувал 2,5 милијарди евра.
Во случај на воведување санкции, може да биде загрозена иднината на големите заеднички проекти, меѓу кои е и договорот врз основа на кој Русија треба да ја реновира унгарската нуклеарна централа „Пакш“, како и изградбата на уште два нови енергетски блока во истата. Тоа е единствената нуклеарна централа во Унгарија, и земјата задоволува околу 40% од потребите за електрична енергија од неа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче