Државниот секретар Џон Кери во недела ќе се сретне со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. На средбата ќе биде разговарано за кризата во Украина, пренесува „Гласот на Русија“.
Вчера заменикот на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави дека Русија и САД предлагаат консултации околу украинската криза, но дека не постои заеднички план за решавање на истата.
„Ние поинаку гледаме на ситуацијата. Дискусијата продолжува во режим на размена на мислења, но не може да се каже дека постои заеднички пристап“, изјави Рјабков.
Во петокот рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на САД, Барак Обама, телефонски разговараа за Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче