Во Москва ќе биде одржана парада на трамваи во чест на 115 години од московскиот трамвај.
На парадата ќе бидат покажани уникатни музејски експонати и современа техника - вкупно 17 трамвајски вагони од разни епохи. Меѓу нив ќе се најдат и трамваи од 1880 година, „Трамвај Ф“ од 1908 година, вагон од моделот „КМ“ од 1930-те години, чехословачките „Татре“, како и трамваи од новата генерација - вагоните PESA и Alstom.
Во Москва регуларниот трамвајски сообраќај функционира од 7 април 1899 година. Денес во Москва има 960 трамвајски вагони кои се движат по 44 маршрути. Должината на трамвајските шини изнесува 416 км.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.