Украински државјанин со арсенал оружје е приведен во Подмосковје

Полицијата во Подмосковје приведе граѓанин на Украина со арсенал оружје и муниција, изјави Николај Овсиенко, заменик на претставникот на претседателот на Русија во Централниот федерален округ.

Полицијата во Подмосковје приведе граѓанин на Украина со арсенал оружје и муниција, изјави Николај Овсиенко, заменик на претставникот на претседателот на Русија во Централниот федерален округ.

„Пред неколку дена во Московската Област беше приведен државјанин на Украина кој во Русија допатувал со голем арсенал оружје, муниција и експлозив“, изјави Овсиенко на оперативниот состанок во Јавното обвинителство на Русија, а пренесува РИА „Новости“.

Според неговите зборови, во моментов се расветлуваат околностите во рамките на покренатата кривична постапка. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.