Вашингтон во последните 20 години го подготвуваше доаѓањето на прозападните сили на власт во Украина, изјави поранешниот соработник на специјалните служби на САД, Скот Рикард, во интервју за ТВ каналот "RT".
Тој напомна дека американското раководство во последниве 20 години „по секоја цена тежнеело да го прошири НАТО накај Украина“.
„Американската разузнавачка служба делуваше непосредно во Украина, но на Крим нејзината дејност беше отежната. Поради тоа што повеќето од жителите на Крим се Руси, Американците имаа тешкотии да ги финансираат организациите со кои соработуваа, бидејќи тоа беше брзо откривано. Властите на САД соработуваат со малите организации кои во ограничен тираж ги издаваат весниците со исклучително локална тематика. Со помош на такви публикации тие шират пропаганда меѓу обичните граѓани“ изјави Рикард.
Тој тврди дека американската разузнавачка служба на тој начин успеала на протестите во Киев да собере повеќе од половина милион луѓе. Рикард, сепак, забележа дека Американците само неколку пати на митинзите собрале околу 500.000 учесници. „Тоа никако не е импозантен број, особено ако се има предвид дека Украина има 50 милиони жители, и дека протестите во Киев се подготвувани 20 години. Кога станува збор за финансиска поддршка, Американската агенција за меѓународен развој (USAID) има вложено 5 милијарди долари“, додаде поранешниот американски разузнавач.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче