Русија не планира да отвора морски и воени бази во странство, како што тоа го прават САД, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров во интервју за ТВ каналот „Русија 1“.
„Тоа воопшто не е вистина“, изјави Лавров, коментирајќи ја информацијата дека Русија ќе отвори морски и воени бази на Сејшелите, во Виетнам, Никарагва, Куба и Аргентина.
„Ние немаме никакви планови за отворање на морски и воени бази во странство. Русија значајно ја засили својата воена морнарица, и мислам дека после приклучувањето на Крим кон Русија, флотата ќе има многу повеќе можности за развој“, додаде министерот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче