Стрелките на главниот часовник во Симферопол во саботата во 22:00 часот по локално време (00:00 по московско) ќе се помрднат и ќе го покажуваат московското време, соопшти агенцијата „Криминформ“, повикувајќи се на конференцијата за печатот на Советот на министри на Крим.
На свечената церемонија ќе учествуваат најдобрите уметници од кримскиот главен град, како и претставници на раководството на републиката.
После референдумот на Крим, каде повеќе од 96% од луѓето гласаа за влегување на регионот во составот на Русија, на 18 март беше потпишан договор со кој се регулираше приклучувањето на Крим во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче