Во 2013 година населението во Русија порасна за 320.000 (земајќи ги предвид и мигрантите). Освен тоа, за прв пат од 1991 година е забележан природен раст на населението од 23.000 лица. Ова го изјави министерот за труд и социјална заштита, Максим Топилин.
Минатата година во Русија се родиле 1.901.000 деца. Според мислењето на министерот, најголемо значење за подобрување на демографската ситуација во државата одиграл мајчинскиот капитал за родено второ, трето и последователни деца, како и месечната помош од околу 10.000 денари која ја добива секоја мајка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче