Владимир Путин му нареди на министерот за одбрана на Русија да ѝ се предаде на Украина воената техника на кримските единици кои не преминаа на страната на руската војска, пренесува ИТАР-ТАСС.
Министерот Сергеј Шојгу извештајот и молбата за ова прашање го прати до претседателот на Русија за време на средбата со офицерите по повод доделување на чинови. „Ве молам за Вашата дозвола да пристапиме кон предавање на вооружувањето и воената техника на Украина. Се работи за бродови и авијација“, објасни министерот.
Министерот за одбрана, исто така, соопшти дека е „организирано заминување на единиците на украинската војска“ кои сакаат да се вратат на служба во Вооружените сили на Украина. Исто така, завршена е и промената на државните симболи на сите бродови во сите единици кои преминаа на страната на руската војска. Сквернавењето и изразувањето непочитување кон државните симболи на Украина не е дозволено, наведе Шојгу во својот извештај.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче