Претседателот на САД, Барак Обама, побара од руската страна дислоцирање на војската која се наоѓа на границата со Украина, соопштува CNN.
„Ние ги гледаме групите војски на границата, кои се наоѓаат таму под изговор дека се на воени вежби. Русија тоа не треба да го прави. Тоа е обид да се заплаши Украина, а можеби Русија има и други планови“, изјави Обама.
Тој забележа дека со повлекувањето на војската, Русија ќе го намали притисокот кој се создаде во регионот, со што ќе го направи првиот чекор кон директни преговори со киевските власти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче