Украински жени: Не давајте им на Русите

Група жени од Украина им дадоа нов шмек на недамнешните санкции против Русија, продавајќи маички со слоганот „Не давајте им на Русите“, со што повикуваат на одбивање секс со руските мажи, пренесува The Moscow Times.

Група жени од Украина им дадоа нов шмек на недамнешните санкции против Русија, продавајќи маички со слоганот „Не давајте им на Русите“, со што повикуваат на одбивање секс со руските мажи, пренесува The Moscow Times. 

Кампањата, која е организирана од страна на Украинската телевизија и на економските новинари, за основа има и други акции основани на сексот во поновата историја, и инспирираше голем број различни интерпретации, но не сите беа сексуални. Акцијата започна минатата недела. 

„Секоја од нашите активистки кои се сложија нивната слика да биде ставена на патриотските маици, имаа свое мислење: Не давајте им го Крим на Русите, не давајте ја вашата земја на руските окупатори, не давајте им пари на Русите или не дозволувајте Русите да победат“, стои на Фејсбук-страницата креирана за оваа акција. 

Организаторите се надеваат дека повикот за целибат во име на мирот нема да ги инспирира само украинските жени. 

„Руски жени, сакате ли да ни се придружите? Наште мажи се сè уште дома, но вашите се веќе отидени во војна“, велат тие.

Активистите кои „се борат со непријателот по секоја цена“, во минатото на Фејсбук веќе имаа неколку сексуални кампањи, меѓу кои беше и една инспирирана од антивоената драма на грчкиот драматург Аристофан „Лисистрата“. Жените во драмата одбиваат да имаат секс со своите сопрузи, со цел да ги премислат од одлуката да се борат во Пелопонезиската војна и да го зачуваат мирот. 

Исто така свежо е сеќавањето од современоста кога жените во Либерија организираа штрајк со секс во 2003 година и со тоа успеаја да обезбедат мир во државата по 14 години граѓанска војна. 

Откако по отцепувањето, Русија го прими Крим во својот состав, во Украина се појавија и други повици за бојкот. 

Корисниците на Твитер постираа фотографија од билборд на автопатот од Киев кон Одеса на кој се вели: „Не купувајте од окупаторот! Бојкотирајте ги руските производи.“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња