Кина ќе го купи ракетниот систем „Триумф“

Кина може да стане првиот купувач на рускиот ракетен систем С-400 “Триумф“. Како што пишува рускиот весник „Комерсант“, одобрувањето за продажбата на ракетниот систем дошло директно од Путин.

Кина може да стане првиот купувач на рускиот ракетен систем С-400 “Триумф“. Како што пишува рускиот весник „Комерсант“, одобрувањето за продажбата на ракетниот систем дошло директно од Путин.

Како што изјави извор близок до Кремљ, решението е донесено во почетокот на 2014 година и не е поврзано со „новите конфронтации на Русија со САД и Европа“ поради влегувањето на Крим во составот на Русија.

Се забележува дека во моментов Русија и Кина водат преговори за бројот на системи кои ќе бидат продадени. Во случај да се постигне договор, Кина ќе може да ги добие системите не порано од 2016 година.

С-400 „Триумф“ е руски зенитно ракетен систем со голем и среден радиус на дејство. Системот е предназначен за уништување на сите современи и перспективни воздушно-вселенски средства за напади: авиони на стратешката и тактичката авијација, тактички авиони, оперативно-тактички балистички ракети, ултразвучни цели и др. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња