Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ), на фонот на случувањата на Крим, забележува активирање на обидите од страна на западните држави за влијаење врз ситуацијата во Русија, пишува ИТАР-ТАСС.
„Во тек е нагло зголемување на надворешните закани за руската држава. Законската желба на народите на Крим и источните региони во Украина да бидат со Русија предизвикува хистерија кај САД и сојузниците. Тие предлагаат акции кои имаат деструктивно влијание на социјалниот и политичкиот живот во нашата држава“, изјави заменикот раководител на ФСБ, Александар Малевани.
„Во овие услови се создаваат и реализираат контраразузнавачки и разузнавачки мерки за спречување на било какви активности од специјалните агенции на другите држави“, изјави Малевани.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.